4NEWS.mk

Амбасадата на САД во Кабул погодена од ракета една минута по полноќ на 11 септември

Американската амбасада во Кабул е погодена од ракета една минута по полноќ на 18-годишнината од нападите на 11 септември на Светскиот трговски центар.

Веднаш се слушнало предупредување дека „се случила експлозија во округот на Амбасадата“ само неколку минути по полноќ. Во инцидентот нема повредени.

– Потврдуваме дека се случи експлозија во близина на американската амбасада во Кабул. Американскиот персонал не е директно погоден, изјави официјален претставник на Стејт департментот.

Нападот се случи во момент на зголемени тензии меѓу САД и талибанските бунтовници, кои управуваат со голем дел на Авганистан.

 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни