Амбасадорката Агелер во посета на Кочани: Духот на градот блеска низ неговите луѓе, стоиме со вас

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, денеска го посети Кочани за да изрази солидарност и поддршка за градот и граѓаните по големиот пожар што се случи во фабриката „Макпрогрес“. Таа оствари средби со повеќе претставници од локалната заедница кои имале клучна улога во справувањето со последиците од несреќата.

„Духот на Кочани блеска низ неговите луѓе“, напиша амбасадорката во објава на социјалните мрежи по посетата.

За време на престојот во градот, таа се сретна со студенти, членови на здружението „Support Kocani“, локални пожарникари, претставници на Црвениот крст и други граѓани кои дале свој придонес по избувнувањето на пожарот.

Амбасадорката Агелер им оддаде признание на сите за нивната пожртвуваност и храброст и упати силна порака за поддршка.

„Бев благодарна што се сретнав со сите оние кои одиграа витална улога по пожарот. Стоиме со вас“, порача амбасадорката, завршувајќи ја својата објава со хаштагот #KocaniStrong.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.