Американска донација за МВР вредна 460 илјади американски долари

Во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз му предаде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски донација за МВР во вредност од над 460 илјади американски долари.

Се вчитува...

Како што појасни минситерот Спасовски станива збор за две донации и тоа медицинска опрема и за лична заштита за припадниците на Единицата за брзо распоредување при МВР во вредност од околу 250 илјади долари од војската на САД и за Секторот за компјутерски криминал во МВР во вредност од над 210 илјади долари од американската владина прогрмаа за борба против теоризмот АТА.

– Станува збор за материјални средства за хардвер и софтвер, што несоменено уште повеќе ќе ги подигнат стандардите во полициските организациски  единици и дополнително ќе не прибилжат до посакувана цел, а тоа градење и етаблирење кредибилно модерно технички и кадровски и динамична полиција која ќе биде подготвен да се соочи со какви и да е задачи поставени пред неа, рече Спасовски.

Тој истакна дека денешниот чин и мноштво вакви настани во изминатите две ипол децении, претставуваат силен и недвосмислен доказ за нашето цврсто партнерство со Владата на САД, со нејзините институции, кои сите овие години ни ја даваат својата максимална поддршка и помош во реформските зафати и во осовременување на капацитетите на МВР.

Според Спасовски, ова е уште еден показател за заедништвото во остварување на стратешките цели на С. Македонија, наше целосно евроатлантско интегрирање, а дел од тој  пат, , потенцира, е успешно изоден со влезот во НАТО.

– Сето тоа претставува потврда за заедничките вредности што ги споделуваме и за заедничките цели што ги имаме, изјави министерот Спасовски.

Тој потсети дека Програмата АТА кај нас е присутна и се реализира уште од 1996 година и при тоа во континуиран процес на реализација веќе се инвестирани над 9,5 милиони американски долари покрај огромната техничко-материјална помош, беа реализирани бројни обуки и професиониални едукации на околу 600 припадници на полицијата. Севкупно, сето тоа, како што рече, во насока на професионално осовременување и надградба на полициските служби при МВР, односно безбедносниот сектор како еден од клучните општествени фундаменти во развојот и просперитетот на државата.

Министерот Спасовски наведе дека продолжува континуиранта поддршка од Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД, која преку програмата „секшн 333“ издвои повеќе од три милиони американски долари за набавка на опремата, возилата и обуките. Наведе дека досега се реализирани и неколку обуки.

Амбасадорката Брнз нагаси дека на денешниот настан потврда за партнерството меѓу двете држави.

– Денешниот настан е само уште пример на заложбата на Владата на САД да помогнат во засилувањето на безбедносниот сектор на Северна Македонија, како инвестиција во еден силен соработник во НАТО сојузот и непоколеблив партнер  во справувањето со  тероризмот и сите форми на оргнизиран криминал, изјави амбасадорката Брнз.

Таа изрази благодарност до сите полициски службеници кои, како што рече, посветено и професионално служат низ целата земја. Благодарение на вас, потенцира Брнз, сите ние во Северна Македонија сме безбедни и со тоа придонесуваме кон безбедноста во пошириокиот регион.

– Северна Македонија продолжува да биде извонреден партнер во борбата против тероризмот. Неодамнешната значајна анти-терористичка акција на МВР е само уште еден показател на посветената работа на Владата во решителното справување со тероризмот и тешките облици на криминално однесување, истакна американската амбасадорка.

.

Извор: ТВ21