Американски борбени авиони го придружуваа авионот на рускиот претседател Владимир Путин по неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Борбени авиони Ф-22 го придружуваа авионот на рускиот претседател на неговиот пат од Алјаска до Русија“, се вели во соопштението, пренесе РИА Новости.
Прес-службата на Кремљ објави и снимки од летот на рускиот авион и американскиот борбен авион.