Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
4NEWS.mk

Американскиот амбасадор ги повика косовските граѓани да излезат на гласање

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет ги повика утрово косовските граѓани да излезат и да го дадат својот глас на вонредните парламентарни избори.

Коснет преку објава на Твитер им порача на Косовците дека секој нивни глас е значаен и дека треба да гласаат заради сопствената иднина.

– Добро утро гласачи на Косово. Денеска е денот да излезете и да гласате. Вашиот глас е значаен – гласате за себе, за вашата земја, за вашата иднина. Косово е вашиот дом, напиша Коснет.

Во Косово денеска се одржуваат седмите парламентарни избори од завршувањето на војната во 1999 година. Право на глас имаат над 1,9 милиони граѓани, а учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 партии, четири коалиции и еден независен кандидат. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни