Свет

Американскиот потпретседател Харис следната недела ќе отпатува во Полска и Романија

Американскиот потпретседател Харис следната недела ќе отпатува во Полска и Романија

Американскиот потпретседател Камала Харис ќе отпатува во Варшава, Полска и Букурешт, Романија, од 9 до 11 март, објави нејзиниот кабинет во петокот.

„Нејзината посета ќе ја покаже силата и единството на НАТО Алијансата и поддршката на САД за сојузниците од источното крило на НАТО наспроти руската агресија“, се вели во изјавата на нејзиниот заменик-секретар за печат. „Тоа исто така ќе ги нагласи нашите колективни напори за поддршка на народот на Украина“.
Си-Ен-Ен претходно денеска објави дека се очекува Харис да отпатува за Полска следната недела, изјави претставник на Белата куќа за Си-Ен-Ен, бидејќи администрацијата на Бајден продолжува да покажува поддршка за Украина и нејзините источни сојузници во НАТО додека руската инвазија на Украина влегува во опасна нова фаза.

Посетата ќе се случи веднаш по  последното меѓународно патување на Харис  на Минхенската безбедносна конференција, каде што таа се состана со американските сојузници и партнери,  вклучително и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Харис во вторникот телефонски разговараше и со неколку источноевропски лидери, вклучително и со полскиот и романскиот премиер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни