Свет

Американскиот производител на популарна чоколада на суд – содржи ли тешки метали?

Американскиот производител на популарна чоколада на суд – содржи ли тешки метали?

Американскиот производител на чоколади Херши се соочува со тужба во својата матична земја од потрошувач кој тврди дека три негови темни чоколади содржат штетни количини на тешки метали, јавуваат британските медиуми.

Њујорчанецот Кристофер Лазазаро поднесе тужба против Херши, тврдејќи дека компанијата ги заведе потрошувачите со тоа што не открила колку токсично олово и кадмиум содржат нејзините три црни чоколади, пишува Би-Би-Си.

Лазазаро тврди дека не би ги купил Hershey’s Special Dark Mildly Sweet Chocolate, Lily’s Extra Dark Chocolate 70% какао и Lily’s Extreme Dark Chocolate или дека би бил подготвен да плати пониска цена доколку ја знаел таа информација.

Во предложената колективна тужба, тој бараше отштета од најмалку пет милиони долари.

Херши не одговори веднаш на барањето да ја коментира тужбата, како и адвокатите на Лазазар, забележува Би-Би-Си.

Некои истражувања сугерираат дека антиоксидансите и релативно ниското ниво на шеќер во темното чоколадо може да помогнат во спречување на срцеви заболувања.

Но, во тужбата, Лазазаро се повикува на неодамнешните наоди на американското списание Consumer Reports (CR), кое тестирало 28 темни чоколади за олово и кадмиум.

Тие откриле дека сите 28 чоколади содржат тешки метали, но 23 од нив, вклучувајќи ги и чоколадите Херши, Годива и Линдт, содржат потенцијално штетни нивоа на олово, кадмиум или двата метали, доколку се консумираат 28 грама дневно.

Hershey’s Special Dark и Lily’s 70% содржат високо ниво на олово, а Lily’s 85% содржат високи нивоа на олово и кадмиум.

„Секој вид храна може да содржи тешки метали доколку се присутни во почвата во висока концентрација“, објаснува нутриционистот Шиба Мајмудар за Би-Би-Си.

„Ниту еден закон за храна во моментов не наложува тестирање на сите серии на прехранбени производи – додека не се разболите. Може да се каже дека токсините во храната воопшто не се безбедни, но секогаш на ум ми паѓа слоганот „потрошувачи внимавај““, додаде Мајмудар.

Херши го купи производителот на слатки Lily’s со низок шеќер во април минатата година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни