Американските власти забранија електронски цигари од три производители

Американската Агенција за борба против дрога објави дека здравствените власти не дозволиле електронски цигари од тројца производители да излезат на продажба во САД.

Според познавачите, оваа прва ваква одлука што значително ќе влијае на индустријата.

„Знаеме дека никотинските производи со вкус се многу привлечни за младите луѓе, така што проценката на потенцијалните и реални последици од нивна употреба кај младите луѓе е важен фактор во одлучувањето кој производ може да се пласира на пазарот“, се вели во соопштението.

Од таму посочуваат дека забранети се производите на „ЏД Нова груп ЛЛЦ“, „Грејт Америцан вејпс“ и „Вапор салон“, а тука се засегнати и е-цигарите со вкус на „кола“, „јаболко“ и „цимет од житарки“.

Во соопштението стои дека овие производи не успеале да докажат дека придобивките што ги носи за возрасните (особено при престанувањето со пушење класични цигари) ги надминуваат опасностите што ги носи за помладите луѓе, додека пак за вторите, всушност, е-цигарите можат да бидат почеток на зависност.

Ако се веќе во продажба, овие производи мора да бидат повлечени од пазарот, предупредува американската администрација за лекови (ФДА) во соопштението. Оваа агенција е задолжена за проценка на нивната корисност за јавното здравје.