Андева: Трамп со своето четиригодишно владеење покажа дека е остар на зборови

Доц. д-р Марина Андева од UACS, е вечерва гостин во специјалното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посветено на претседателските избори во САД.

Таа вели дека актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп во својот четиригодишен мандат покажал дека е остар на зборови.

„Трамп со своето четиригодишно владеење покажа дека е остар на зборови, дека е човек кој има уличен говор во своите претставувања и човек кој што сметам дека ќе ги искористи сите свои ресурси за да може било како да влијае“, посочи Андева.

За потсетување, покрај Андева, гостин во студиото беше и студентот Филип Миленковски, додека пак друг студент, Давид Чепреганов ни се приклучи во живо.

.

Извор: ТВ21