Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утринава добил закана за убиство, поради што интервенирала полицијата која во голем број е пред Бански двори. И покрај тоа, хрватскиот премиер тврди дека не се плашел и дека полицијата „премногу сериозно ги сфатила“ добиените закани.
Имено, на новинарско прашање дали се чувствува безбедно, Пленковиќ рекол дека тоа не го исплашило, бидејќи вакви работи во Хрватска се случуваат речиси секој ден, пишува Дневник.хр
„Полицијата очигледно малку посериозно го сфати ова, но тоа се случува постојано, само не се фалиме“, рече Пленковиќ и додаде дека посочил дека полицијата ќе каже дали е лоцирано лицето што ја испратило заканата.
Да потсетиме, неколку полициски возила се паркирани пред Бански двори, а зградата на Владата ја обезбедуваат припадници на интервентната полиција вооружени со долги цевки.
Хрватските медиуми јавија дека утрово полицијата добила дојава за закана за убиство на премиерот и членовите на Владата, па екипа на интервентна полиција била испратена пред Бански двор.
„Во моментов пред Владата е интервентната полициска единица, што е уште една ваква закана за мене и за членовите на Владата“, рече премиерот Пленковиќ.