Македонија

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на пожари

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на пожари

Додека надлежните служби со денови водеа борба со огнените стихии низ Општина Македонски Брод, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, наиде на шокантна слика на терен — диво огниште во привремен камп покрај реката Треска, најверојатно оставено од риболовци.

Во време кога сувата вегетација и високите температури го прават секој агол од природата подложен на брзо ширење оган, ваквиот потег претставува директна опасност од предизвикување нов катастрофален пожар.

Искажувајќи големо разочарување од видената неодговорност на поединци, Ангелов упати уште еден итен апел до граѓаните за максимално внимателно и одговорно однесување при престој во природа. Тој нагласи дека палењето оган на отворено, особено во пикот на пожарната сезона, е недозволиво и ги доведува во директна опасност животите на луѓето, шумите и екосистемот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни