Македонија

ВИДЕО: Експерти утврдија дека нема отровни материи во воздухот во Тетово, опасноста од експлозии е надмината

ВИДЕО: Експерти утврдија дека нема отровни материи во воздухот во Тетово, опасноста од експлозии е надмината

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска на прес конференција истакна дека македонската армија од четата за атомско, хемиско и биолошко оружје утврдиле дека во воздухот нема опасни гасови.

Тој посочи дека има зголемено присуство на ПМ10 честички.

Во текот на денот се очекува дополнително испитување дали со дополнителна опрема може да бидат детектирани други опасни материи.

Од ЦУК велат дека надмината е опасноста за експлозии.

Освен пожарникари од Тетово, на помош пристигнати се и од Скопје, Куманово и Кавадарци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни