Попладнево скопскиот регион беше зафатен со силно невреме проследено со силен ветер, при што речиси истовремено избија повеќе пожари на отворен простор. Огнот беше видлив од поголем дел на градот и предизвика вознемиреност меѓу граѓаните, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
За дел од пожарите постојат сомневања дека се намерно подметнати. Во периодот на невремето, силниот ветер и дождот во регионот на аеродромот Скопје го спречија полетувањето на ер тракторите на ДЗС и армискиот хеликоптер, кои беа во состојба на готовност за поддршка на пожарникарите.
Пожари избија на следните локации:
Општина Сарај, село Крушопек, кон падините на Водно (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Карпош, кај спортската сала „Борис Трајковски“ (ниска вегетација)
Општина Гази Баба, села Виниче и Црешево (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Бутел, кај последна 57 (ниска вегетација)
Општина Гази Баба, село Инџиково (трева и ниска вегетација)
Сите пожари се изгаснати или се ставени под целосна контрола.
Ангелов изрази голема благодарност до екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита, тимовите на ДЗС, доброволното противпожарно друштво од Чаир, како и до граѓаните кои несебично помогнаа при гаснењето на пожарите.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!