Постојаното јакнење на транспарентноста, односно унапредувањето и развивањето на комуникацијата со јавноста, вклучително и со носителите на јавното информирање е предизвик и за Народната банка на Република Македонија. На редовна основа посветено работиме за да одговориме соодветно на предизвикот, и тоа истовремено посветувајќи внимание на двата пункта на комуникацијата – непосредната комуникација со јавноста и комуникацијата со медиумите. Притоа, настојуваме да не биде зголемен само интензитетот, туку и квалитетот на нашата комуникација.“ – истакна гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска во своетона Работилницата за новинари организирана од централната банка вчера во Скопје.
Притоа, таа им порача на новинарите, дека за НБРМ, тие се едни од главните афирматори на пораките на монетарната политика пред пошироката јавност. „Не во смисла на наши гласноговорници, туку како индивидуи и професионалци чиј збор има тежина за јавноста, а коишто катадневно ја следат нашата работа“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.
И во натамошниот период, НБРМ ќе го подигнува нивото на својата транспарентност, унапредувајќи ги начинот, формата и каналите на комуникација, при што тимот на централната банка ќе се труди таа секогаш да биде општествено одговорна институција чија комуникација со претставниците на средствата за јавно информирање ќе биде на највисоко и најпрофесионално ниво и ќе биде пример за другите.
