Македонија

АНКЕТА: 81% сметаат дека Венко Филипче треба да ја напушти функцијата Министер за здравство

Последната објавена анкета од Организацијата за граѓански активизам и независност, на прашањето „Дали сметате дека министерот за здравство Венко Филипче треба да поднесе оставка“, 81% треба да поднесе оставка.

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021годиниа.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

  • Во теренското истражување на територија на Град Скопје на репрезентативен примерот од 824 испитаници.
  • Во теренското истражување на територијата на општина Куманово на репрезентативен примерок од 782 испитаници.
  • Во теренското истражување на територијата на општина Тетово на репрезентативен примерок од 718 испитаници.
  • Во теренското истражување на територијата на општина Бутел на репрезентативен примерок од 644 испитаници.
  • Резултатите на прашањето „Дали сметате дека министерот за здравство Венко Филипче треба да поднесе оставка?“  е на репрезенативен примерок од 1156 испитаници на целата територија на Република Северна Македонија спроведена во истиот временски период од истражувањето.

При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.

Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни