Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните имаат најголема доверба во Заев, Груевски падна на само 2.7 %

Во анкетата која ја спроведе телевизија Телма и МЦМС, граѓаните најголема доверба имаат во премиерот Зоран Заев, кој ужива доверба од дури 21.4%. После него следува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 7.4%, додека трет е претседателот Ѓорѓе Иванов со 6.1%.

Некогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски падна со рејтингот, и сега во него имаат доверба само 2.7% од испитаниците. Анкетата инаку е направена пред бегството на Груевски во Унгарија.

Се вчитува...

 

Извор: ТВ21