Живот

„Анти Нобел“ награда за студија која докажува врска помеѓу дебелите политичари и корупцијата!

Алтернативните Анти Нобелови награди и оваа година привлекоа големо внимание во професионалните кругови, додека јавноста уште еднаш имаше можност да види што имале на ум „лудите“ научници да проучуваат.

Награди по категории

Биологија – Сузана Шутц за анализа на варијации во мрморење, чврчорење, џагор, стенкање, подсвиркување, завивање, ржење и други форми на комуникација помеѓу мачка и човек

Екологија – Лејла Сатари за употреба на генетска анализа при идентификација на различни видови бактерии во гуми за џвакање на тротоари во различни земји

Хемија – Јорг Викер за анализа на воздухот во кината, за да провери дали мирисите произведени од публиката го покажуваат нивото на насилство во филмот што публиката го гледа

Економија – Павло Блаватски за откритието дека дебелите политичари се добар показател за корупцијата во земјата

Медицина – Оклеј Кем Булут за да докаже дека сексуалните оргазми можат да бидат подеднакво ефикасни како и лековите за подобрување на назалното дишење

Мир – Итан Бесерис, Стивен Нилвеј и Дејвид Кариер за да ја тестираат хипотезата дека луѓето развиле брада за да се заштитат од удари во лицето

Физика – Алесандро Корбета за изведба експерименти со цел да открие зошто пешаците не се судираат едни со други

Кинетика – Хисаши Мураками за изведба на експерименти за да открие зошто пешаците понекогаш се судираат едни со други

Етномологија – Џон Малренан Џуниор за студијата „Нов метод за контрола на лебарки на подморници“

Транспорт – Робин Редклиф за утврдување дека е побезбедно да се пренесат носорозите наопаку

Научната награда „Анти-Нобел“ се доделува „за достигнувања што прво те насмеваат, а потоа те тераат да размислуваш“. Основана е 1991 година од списанието „Анали на неверојатни истражувања“ (Annals of Improbable Research), како пародија на Нобеловите награди. Годинашната 31. „свеченост“ е поддржана од Универзитетот Харвард во Масачусетс (САД). Таа одеше на интернет, поради пандемијата на коронавирус.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни