Со месеци, дури и години, антикорупционерите чекаа одговори од институциите за клучните случаи осомничени за корупција. Претседателката на оваа комисија, Билјана Ивановска, вели дека се примени само 30% од нивните барања, па ги повика институциите да одговорат, а не прашањата да ги чуваат во фиока.
„За јавни набавки до ДИК предметот е пратен од 2019 година, епилог се уште нема, за ДУП предметот е поднесен пред 6 месеци, епилог се уште нема. Така што, мислам дека е од јавен интерес да се изјасни Обвинителството, бидејќи има голем број вакви урбанистички планови кои се одобрени на ист начин. Од друга страна, сметаме дека досега требаше да ја добиеме оценката од Уставниот суд, во текот на летото го поднесовме предметот за оценување на уставноста на законот поврзан со „Бехтел и Енка““, изјави Билјана Ивановска – претседателка на ДКСК.
Освен што институциите не одговараат на нивните прашања, Ивановска вели дека работата на Комисијата е обвинета и дискредитирана, но не сакаше да покаже од каде доаѓаат обвинувањата.