Сценаристот на научно-фантастичниот филм „Јас сум легенда“ одговори на теориите на заговор на антиваксери кои го користат заплетот на тој филм како доказ дека вакцините против коронавирус се штетни за здравјето на луѓето.
Бројни противници на вакцинацијата на социјалните мрежи се повикуваат на филмот „Јас сум легенда“. Тие тврдат дека токму вакцините ги претворија луѓето во тој филм во зомби.
Таа теорија на заговор беше спомната и во напис во „Њујорк тајмс“, што го натера сценаристот Акива Голдсман да реагира на Твитер.
„О мој Боже. Тоа е филм. Тоа го измислив. Не е вистина“, порача Голдсман, пренесува Ројтерс.
We. Are. All. Going. To. Die.
— Marc Bernardin (@marcbernardin) August 9, 2021
Sooner. Than. We. Should. https://t.co/DqMKTkSxbr
Покрај тоа што не земаат предвид дека се работи за фикција, анти-ваксерите грешат и во уште една работа. Имено, агенцијата Ројтерс потсетува дека вакцините не ги претвориле луѓето во филмот во зомби, туку генетски модифицираниот вирус направен како лек за рак.
Во пост-апокалиптичниот холивудски хит од 2007 година, Вил Смит го игра последниот човек во Њујорк, имун на генетски модифициран вирус, кој се обидува да најде лек додека се бори со насилни зомби.
