Македонија

Апасиев: Ако не повлечеме црвени линии за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во своето гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека доколку не се одредат црвените линии на земјава, за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот.

– Црвените линии според нас се унитарноста на Македонија, значи да не се разговара за некаква идна федерализција или кантонизација, секуларноста, тоа значи да се зауздаат верските заедници кои почнуваат да доминираат, следно е територијалниот интегритет да се гарантира, потоа идентитетот да се гарантира, значи име, јазик, култура и инсигниите, односно државното знаме, грб и химна. Ова е НЗС, зад кој што секоја македонска партија мора да го стави својот потпис, бидејќи во спротивно ние за неколку децении од сега ќе немаме држава, односно ќе бидеме Курди на Балканот, вели пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев во своето гостување на „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија

Тој го обвини премиерот Заев дека е причина за настанувањето на проблемите со Бугарија.

– Досега ние никогаш сме немале проблем со Бугарија. Доаѓањето на Заев ги направи проблемите со Бугарија, со потишувањето на фамозниот договор за добрососедство и тој цело време вели дека член 2 е прекршен и ако го прочитате членот 2 ќе видите дека не е прекршен. Бугарите фино го спакувале членот 2 кој вели ќе ве поддржиме за влез во НАТО,  а ќе ви даваме сугестии за членство во ЕУ. Тие никаде не се обврзале дека нема да стават вето, вели Апасиев

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни