Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Апасиев: Даваме целосна поддршка, oчекувам подобрување на односите затоа што во европска држава очекуваме да се почитуваат правилата

Апасиев: Даваме целосна поддршка, oчекувам подобрување на односите затоа што во европска држава очекуваме да се почитуваат правилата

Даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Очекувам подобрување на односите затоа што во европска држава очекуваме да се почитуваат правилата, изјави лидерот на „Ливица“ Димитар Апасиев кој присуствува на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

– Ова е прв македонски клуб што се отвора, иако е формално, правно и легално, знаете дека бугарската држава не дозволува. За разлика од фашистичките клубови што се отвораат во нашата држава, ова е име на анти-фашист и на комунист и од тој идеолошки аспект даваме целосна поддршка на ваквите клубови. Нема тензии, не правиме тензии. Очекувано беше да дојдат премиерот и претседателот бидејќи ова е историски настан, но тие не се одважија, рече Апасиев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни