Судот им ги потврди доживотните затворски казни на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. По убиството, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и сега се отвора прашањето дали сега кога заврши и повтореното судење за „Монструм“, конечно ќе ги екстрадираат во Македонија, објави СДК.мк
Петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во 2012 година останува терористички акт, а Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ ги убиле четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Според објавената пресуда на сајтот на Апелација, жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат казните, од кои три се доживотна робија.
Читај повеќе на СДК