Апелација не ги прифати жалбите, 5 обвинети остануваат без амнестија

Апелационениот суд ги одби жалбите на 5-мина обвинети за 27 април. Барањата на Алекасандар Василевски Нинџа, Горанчо Ангеловски -Ќосето, Младен Додевски, Никола Митревски – Кољо и Оливер Поповски се одбиени.

Оваа одлука на апелација е конечна, а право на жалба имаат само обвинетите не и обвиниотелството. Од вкупно 33-ца амнестирани беа петнаесетмина, 13 добија негативни мислења, а 5 не ни побараа амнестија.

Судењето за 27 април ќе продолжи идната недела и се очекуваат завршните зборови.

Извор: ТВ21