Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот.
Скопскиот Апелациски суд ги одби како неосновани жалбите на двајцата поранешни високи владини функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски со што тие остануваат во истражниот затвор во Шутка.
Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот.
Тие веќе втора недела се наоѓаат зад решетки, откако судот го уважи барањето на Специјалното обвинителство и за случајот „Титаник“ им ја определи најтешката мерка за обезбедување присуство поради опасност од бегство.