Балкан

Апсење во Ниш: Ќерка осомничена за убиство на татко си

Апсење во Ниш: Ќерка осомничена за убиство на татко си

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата во Ниш ја уапсила Д.М поради основано сомнение дека таа го убила нејзиниот татко.

„Полицијата во Ниш ја уапсила Д.М.(56) поради основано сомнение дека го убила нејзиниот татко С.Ѓ. (79)“, рекол Дачиќ, како што информираат од МВР на Србија.

Во текот на утрото пронајден е С.Ѓ. во неговиот стан, со повеќе повреди на главата и телото, од чии последици починал.

Жртвата била неподвижно лице, а инцидентот го пријавила медицинска сестра во домот. Полицијата има основани сомнежи дека сторителот е ќерка на починатата Д.М., и се товари за кривично дело тешко убиство, а понатамошната постапка ќе ја преземе обвинителството“, рече Дачиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни