Поради бизарна причина – недостиг на записничар – денеска во Основниот суд во Тетово повторно беше одложено рочиштето за случајот во кој околу 50 поранешни вработени од печатницата „Напредок“ си ги бараат своите 10 неисплатени плати. Ова предизвика револт и разочарување кај работниците, чија голгота трае веќе втора година.
Откако со месеци го чекале денешното рочиште, поранешните вработени беа соочени со уште едно одложување поради, како што им било кажано, отсуство на судски записничар кој би водел белешки од расправата.
„Чекавме три месеци, а ова е веќе втора година што чекаме решение. И денеска беше откажано затоа што немаше записничар. Ние се задолживме дека ќе обезбедиме записничар, бидејќи сме без работа, само за еднаш засекогаш да се стави крај на оваа тема. Бараме да ни ги дадат само нашите плати, ништо друго“, изјави низ разочарување Живка Димовска, поранешна вработена.
Нејзината колешка, Бехиџе Сејдија, со 45 години работен стаж, порача дека нема да се откажат.
„Ќе продолжиме да го креваме гласот затоа што имаме право. Нашата фирма се затвори, а имаше многу работа и ние останавме на улица. Повеќе сум револтирана на Судот во Тетово зошто не презема чекори за нас“, рече таа.
Печатницата „Напредок“, некогаш државна компанија, беше приватизирана и работеше до крајот на 2023 година, кога отиде во стечај, оставајќи ги работниците без егзистенција и со заостанати побарувања.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!
- 5.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни