Археолози ја пронајдоа најстарата позната жртва од напад на ајкула

Археолози од Универзитетот Оксфорд веруваат дека ја пронашле најстарата позната жртва од напад на ајкула во светот.

Имено, по детален преглед било откриено дека жртвата има многу длабоки и нерамни лузни, а станува збор за скелет стар најмалку 3.000 години.

На него археолозите изброиле дури 790 повреди.

Се работи за скелет добиен од Универзитетот на Кјото, кој бил пронајден во внатрешноста на Јапонското море.

Истражувачите Алиса Вајт и професорот Рик Шултинг кои ги проучуваат остатоците од човек со трауматски повреди велат дека „повредите на жртвата се наоѓаат главно на рацете, нозете и предниот дел на градите и стомакот“.

Со елиминирање, отфрлени се сите други видови смрт, освен напад од ајкула.

Конечните заклучоци од испитувањето на примероците ќе станат јасни во наредниве месеци.