Археолози открија 1.800 години стара статуа во Турција

Археолози откриле статуа стара околу 1.800 години во западната турска провинција Ушак, на локалитетот на античкиот град Блаундос, пренесуваат денес турските медиуми.

Статуата, на која ѝ недостасуваат глава и екстремитети, е откриена за време на ископувања на локалитетот на стадион стар 2.000 години, за кој се верува дека го изградиле македонски војници кои се населиле во тој регион за време на освојувањата на Александар Велики, пренесе агенцијата Анадолија.

Според археолозите, торзото на статуата е пронајдено во ѕидот на стадионот кој се издига над кањонот Улубеј.