Археолозите пронајдоа тоалет стар дури 2700 години

Израелски археолози пронајдоа древен тоалет во Ерусалим.

Според нив, овој тоалет датира од пред 2700 години, односно од времето кога приватните тоалети биле луксуз.

Изреалската управа за антиквитети соопшти дека тоалетот бил четириаголна кабина која била дел од пространа вила со поглед на сегашниот стар дел од градот.

Дизајниран е така што на него можело добро да се седи, а под него е ископана длабока септичка јама.

„Само богатите можеле во тоа време да си дозволат тоалет“, рече Јаков Билинг кој раководел со ископувањето.