Аријана Гранде основа фондација за помош на младите трансродови луѓе – ги повика обожавателите да донираат пари

Пејачката Аријана Гранде неодамна на Инстаграм објави дека основала фондација која ќе биде посветена на помагање на младите трансродови луѓе.

Во соопштението таа напиша дека ја основала фондацијата наречена „За заштита и одбрана на трансродовите млади“ во соработка со платформата за собирање средства Pledge.

Се вчитува...

Пејачката напиша дека фондацијата е основана за да им помогне на организациите кои им помагаат на младите трансродови луѓе да се залагаат за нивните права.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande)

Во коментар, таа ги повика следбениците да и помогнат на фондацијата со нивните донации, додавајќи:

– Во моментов има стотици неплатени, срамни судски трошоци во судски процеси кои се обидуваат да им ги ускратат правата на младите трансродови луѓе.

Таа ги повика и организациите кои се занимаваат со правата на трансродовите лица да добијат информации за фондацијата и да ја рашират информацијата, а сето тоа го најави на 31 март кога се одбележува денот на трансродовите лица.