Македонија

Арсовска: Од невремето во Скопје спасени се над 20 животи

Арсовска: Од невремето во Скопје спасени се над 20 животи

„Скопје се соочи со страшно невреме. Штетите бевте во можност да ги видите. Свикавме кризен штаб, работиме на терен и ќе работиме во текот на ноќта додека не бидат санирани сите штети“, рече вечерва градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Таа информираше дека од невремето успешно се спасени над 20 лица. Најголем дел се спасени од подвозникот кај Скендер бег за каде веќе информиравме.

Во тек е пријавувањето на штети врз приватни имоти.

„Во следните денови ќе се информира како еднаш за секогаш ќе бидат решени овие проблеми“, додаде Арсовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни