Македонија

Артан Груби однесен на распит во Обвинителството

Артан Груби однесен на распит во Обвинителството

Поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, попладнево ќе биде спроведен во просториите на Основното јавно обвинителство (ОЈО) на распит.

Груби утрово се појави на граничниот премин Блаце каде беше приведен.

Очекувањата се дека по завршувањето на распитот, Обвинителството ќе излезе со официјално соопштение за јавноста во кое ќе се прецизира статусот на Груби – дали е повикан во својство на сведок или како осомничено лице.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни