Артан Груби во службена посета во Белата куќа

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на групата за пријателство со САД, Артан Груби, ќе пристојува во САД од 5 до 9 декември, каде ќе реализира работни средби со конгресмени и сенатори во Американскиот конгрес, но и во Сенатот и Стејт департментот.

Тема на средбите ќе бидат евроатлантските интеграции на земјата, можноста за унапредување на билатералните односи со САД, и сегашните реформи кои Владата ги спроведуваа во владеењето на правото.

Се вчитува...

Груби ќе учествува на 12-от Парламентарен форум за безбедност, во кој ќе се дебатира за сите видови на војна против тероризам.

Извор: ТВ21