Астероидот 7482 (1994 PC1) со дијаметар од 1,1 km ќе прелета покрај Земјата денеска, објави електронското издание „Space“, повикувајќи се на податоци на НАСА.
Ќе се движи со брзина над 70.000 km/h, а најблиското растојание до кое ќе се приближи до планетата ќе биде околу два милиони километри.
Нема реална опасност од судир, иако експертите на НАСА ги оценуваат ваквите вселенски објекти како „потенцијално опасни“.
Астероидот 7482 (1994 PC1) беше откриен од шкотскиот астроном Роберт МекНут во 1994 година.
