Лет од Солун за Германија беше откажан синоќа на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако во еден од моторите беше пронајдена птица, јавува локалниот информативен портал Теспост.
Авинот требаше да тргне вчера рано навечер со околу 150 патници. По подолг престој кај излезот за качување, тие беа известени дека летот се откажува поради присуство на птица во еден од моторите.
Патниците е планирано да отпатуваат за Германија денес.
Порталот потсетува дека вшмукувањето птици во авионските мотори е еден од најчестите ризици со кои се соочуваат пилотите во патничката авијација.