Авион од руската специјална ескадрила лета во правец на Софија, покажуваат податоците на платформата FlightRadar.
Тој полетал од Москва во 9:30 часот наутро и дестинација му е Софија. Авионот треба да слета во 13 часот и 30 минути.
Проверката на платформата покажува дека регистарскиот број на авионот одговара на Специјалниот авијациски ескадрон на Руската Федерација.
Претходно на мапата FlightRadar имаше и друга летечка машина која полета од Волоград во правец на Бугарија. Сега оваа машина не е видлива при следење на авиони во живо.
Руската Федерација побара дозвола за извршување на летовите, бидејќи редовните се суспендирани поради санкциите на ЕУ против Москва.
Метеж има и пред амбасадата во главниот град. Таму отидоа два автобуси, кои најверојатно ќе ги однесат дипломатите и нивните семејства до аеродромот.
Дали амбасадата ќе биде целосно затворена се уште се чека. Мора да се добие дозвола од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.