Авион се урна во близина на Белград – пилотот извлечен од вода!

Хидроавионот „Цесна 206“ паднал во Сава во населбата Прогар.

Пилотот од студената река го извлекле граѓани. Му пришле со чамци и му помогнале.

Авионот паднал во Сава по налет на ветер. Хидроавионот слетал на платформата и поради налетот на ветерот слетал во реката и се лизнал 300 метри низводно.

За случајот е информирано Третото основно јавно обвинителство во Белград.