Индискиот патнички авион Air India AI171, модел Boeing 787-8 Dreamliner, наводно се урнал утрово во близина на аеродромот во Ахмедабад, при обид за полетување. Првичните информации укажуваат дека на летот имало околу 242 патници, но официјални податоци за бројот на жртви или повредени засега нема.
Инцидентот се случил непосредно по стартувањето на летот, под околности кои сè уште не се целосно разјаснети. Индиските власти сè уште не излегоа со официјално соопштение, но спасувачки екипи се на терен и во тек е акција за пронаоѓање и евакуација на евентуално преживеани.
Air India AI171, a 787-8 Dreamliner, with around 242 passengers on board has reportedly crashed near Ahmedabad airport during take off. More details to follow. pic.twitter.com/k4HBIRHlQg
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) June 12, 2025
Летот AI171 требало да ја поврзе Индија со дестинација надвор од земјата – според распоредот, станува збор за меѓународен лет кој често сообраќа на релација до Европа.
Се очекуваат дополнителни детали од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Индија и од Air India во текот на следните часови.