Свет

Авион со лекови од СЗО за Палестинците во Газа слета во Египет

Авион со лекови од СЗО за Палестинците во Газа слета во Египет

Авион со лекови од Светската здравствена организација (СЗО) за жителите на Појасот Газа слета на аеродромот на египетскиот град Ел Ариш, кој се наоѓа во Северен Синај, во близина на границата со палестинската енклава, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом. – рече Гебрејесус.

„Авион со медицински материјали од СЗО за задоволување на итните потреби во Појасот Газа слета во Ел Ариш“, напиша тој на социјалната мрежа Икс. Гебрејесус додаде дека СЗО е подготвена да „организира (дополнителни) залихи веднаш штом ќе се обезбеди хуманитарен пристап преку граничниот премин Рафах.

Генералниот директор на СЗО го повика Израел да ја преиспита својата одлука за евакуација на 1,1 милион луѓе од северниот дел на Газа, бидејќи како што рече „тоа би била човечка трагедија“.

На аеродромот Ел Ариш веќе пристигнаа неколку авиони со вкупно 80 тони хуманитарна помош за жителите на Газа. Според Калед Заид Заид, претставник на египетската Црвена полумесечина во провинцијата Северен Синај, помошта која доаѓа од различни земји за жителите на Газа се планира да се складира на стадионот Ел-Ариш „додека не се договори да пристигне во палестинската енклава“, пренесе ТАСС.