Авионот со фудбалерите од Тбилиси се очекува да слета во Скопје во 02:15 часот. Барем така стои на официјалната страница на скопскиот аеродром, но проблематична е густата магла.
Во моментов над Скопје видливоста е намалена, па нема да биде чудно доколку авионот биде пренасочен кон Приштина или некој друг аеродром.
Инаку авионот кој во 00:45 часот требаше да слета од Хамбург во Скопје, е пренасочен, односно не слета во Скопје.
Останува да се види каква одлука ќе биде донесена, и дали авионот со репрезентативците ќе слета во Скопје. Инаку пола час подоцна доаѓа и младата репрезентација на Македонија од Израел.
.
