АВМУ бара ГТЦ да не ја попречува работата на новинарите

Агенцијата во соопштението нагласува дека истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и дека е клучно за остварувањето на улогата на медиумите во современите демократии.

„Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста“, порачува АВМУ.

Инаку, на 16 ноември ненадејно беше прекината полициска акција за која медиумите јавија дека е насочена кон откривање на кражба на струја за напојување на компјутерска опрема, т.н. ригови и мајнери, за „копање” на криптовалути.

Сведоци тврдат дека полицијата дури и го забранила влезот на новинарски екипи во магацинските простори на ГТЦ, додека од другиот влез на магацините била изнесувана компјутерската опрема.

Потоа, обезбедувањето на ГТЦ ги оневозможуваше новинарите кои ја истражуваат темата дали имало или не копање криптовалути.

Поврзани вести

ЛДП најавува законски измени и поскапа струја за копачите на криптовалути

Луѓето кои сакаат да заработуваат со копање криптовалути, потребната струја да ја купуваат на слободен пазар, или пак таа да чини повеќе ако се користи за создавање виртуелни банкноти. Ова е еден...

Власта краде струја и „копа“ биткоини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. „По неколкуте купување на скапа струја,...

Не е само ГТЦ, се копало биткоин и во Македонски железници-инфраструктура?!

Случајот со копањето на Биткоин не е само поврзан со Градскиот трговски центар. Машини има и во неколку други јавни институции, до кои е тешко да се дојде. Последен...

ЛДП и ДОМ ќе предложат законски измени за регулирање на производството на криптовалути

Пратениците од ЛДП и ДОМ ќе предложат законски измени за регулирање на производството на криптовалути. – Во време на енергетска криза недозволиво е да се троши струја за производство...

Најважното

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...

Согласно истрагата секој ќе поднесе одговорност, рече Бочварски

Министерот за транспорт и врски вели дека истрагата ќе ги даде одговорите на прашањето, кој треба да сносни одговорност за трагедијата во...

Средба Османи- Ескобар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник...

Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што...