Breaking Малолетниот напаѓач од Белград претходно бил уапсен во Германија поради сомнение за планирање терористички напад
Свет

Австрија го укинува задолжителниот карантин за ковид позитивните без симптоми

Лицата во Австрија кои се заразени со коронавирус во иднина веќе нема да мора да бидат во самоизолација доколку немаат симптоми на болеста, соопштија денеска властите, пренесе ДПА.

Австрија од следниот месец го укинува задолжителниот карантин за лицата кои се позитивни на коронавирусот, но не се болни.

Заразените сè уште ќе мора да носат маски надвор од своите домови, освен ако не се на отворено или не можат да држат растојание од најмалку два метри од другите лица.

Ним нема да им биде дозволено да влегуваат во установи со загрозени лица како што се болници, домови за стари лица или установи за лица со посебни потреби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни