Девет дена по масовното убиство во гимназијата во Грац, австриската влада претстави пакет законски мерки како реакција. Одредбите од Законот за оружје ќе бидат заострени, психолошките услуги во училиштата ќе бидат удвоени и ќе се создаде фонд од 20 милиони евра за брза помош на семејствата на жртвите.
Мотивот за злосторството сè уште е непознат. Се споменува мобинг, но полицијата не дошла до такви сознанија.
Ученикот Артур А. (21) убил девет ученици и една наставничка во неговото поранешно училиште на 10 јуни, а на крајот се самоубил пред да пристигне полицијата.
Федералната влада сега се обидува „да извлече поуки за иднината“, како што рече денес канцеларот Кристијан Штокер, и да ја подобри безбедноста во училиштата, „иако ништо нема да ги врати убиените“.
„Нашите училишта мора да станат безбедни места, каде што нашите деца можат слободно да учат и растат“, рече Штокер.
Како што се очекуваше, повеќето мерки се однесуваат на две слаби точки што веднаш беа јасни во првите реконструкции – Законот за оружје и психолошките услуги.
Генерално, старосната граница за поседување огнено оружје е зголемена од 21 на 25 години, рече Штокер. При купување на прво огнено оружје, периодот на чекање ќе биде четири недели, наместо само три дена како што е сега.
Дозволите ќе бидат ограничени на осум години за оние кои аплицираат за прв пат. Приватно купување ќе биде можно само од продавници за оружје со државна лиценца. Во случај на ловечко оружје, нема да има промени, рече Штокер.
Според вицеканцеларот Андреас Баблер, оружјето во Австрија во моментов е многу лесно достапно.
Баблер се осврна на фактот дека масовниот убиец поседувал оружје сосема легално, иако воен психолог го потврдил како ментално нестабилен за време на неговото регрутирање минатата година.
Во иднина, побара Баблер, резултатите од воените психолошки тестови треба да бидат достапни и за цивилните психолошки услуги.
„За впечатливо однесување, мора да постои можност за десетгодишна забрана за поседување оружје. Тестовите за утврдување на менталната состојба мора да се подобрат. Секој што е опасен не смее да поседува огнено оружје“, вели Баблер.
Преку овој настан, владата сега има намера да воведе ред во некои други области во кои гори, како што се случаите на семејно насилство.
Министерката за правда, Ана Шпорер, предвидува дека паралелно со реакцијата на семејното насилство, ќе се донесе одлука за привремена забрана за пристап на насилни лица до оружје. Доколку судот ја потврди вината, следува трајна забрана.
Фонд за помош на семејствата и училиштата
Понатаму, беше склучено и создавањето фонд од 20 милиони евра за брза и небирократска помош на членовите на семејствата, како и на самото училиште.
Прашањето за матура беше регулирано, така што децата од засегнатото училиште нема да мора да ја изгубат годината. Матурантите од средно образование кои не сакаат/не се во можност да го полагаат усниот дел од матурата ќе можат да го завршат средното образование само врз основа на писмениот дел, вели Штокер.
Важна одредба се однесува и на психолошките услуги во училиштата, граѓанските институции и младинските центри. Бројот на училишни психолози ќе се удвои во следните три години.
Важна одредба се однесува на прекинување на образованието без сертификат. Кога и ако на ученикот му се заканува исклучување од училиште, суспензија или има случај на тешко воспитување, училиштето мора да се консултира со родителите, во спротивно се предвидени санкции.
За особено впечатливи и драматични случаи, се воведуваат задолжителни панели меѓу училишните власти, центрите за социјална работа на младите и полицијата.
Училиште кое сака зголемени безбедносни мерки при влегување во зградата може да го стори тоа, ќе добие помош од Министерството за образование. Општо земено, малку училишта во Австрија го сакаат тоа.
Имаше иницијативи за ограничување на пристапот до социјалните мрежи, но досега нема договор. Она што е реално, рече канцеларот, е воведувањето на пониска возрасна граница за пристап до социјалните мрежи, „но тоа се разгледува дури сега“.
Зелени: „Сè е мало!“
Опозициските партии имаат различни мислења за патот што го зела владата.
Партијата на слободата (ФПО) смета дека заострувањето на Законот за оружје не е потребно, бидејќи тој, каков што е сега, не стои на патот на комуникацијата меѓу различните психолошки служби.
Партијата на Зелените, напротив, сака целосна забрана за оружје за приватни лица.
За шефот на Зелените, Вернер Коглер, предлозите на владата не се заострување на Законот, туку само мали прилагодувања.
„Моето прашање останува. Зошто на приватно лице воопшто му е потребно оружје? Сакаме да го смениме принципот – од слобода за оружје до слобода од оружје“, вели Коглер.
Прашањето што се поставува е, дали менталното растројство е приватна работа?
Она што властите во Австрија се обидуваат да го задржат во дискусиите со низок интензитет е прашањето за размена на информации. Што знаеше некој во случајот со Артур А?
Официјални воени извори дознаа минатата недела дека потенцијалниот масовен убиец не го поминал психолошкиот тест на регрутирањето во 2024 година. Поради тоа бил отпуштен од војската.
Воениот психолог не го продолжил својот извештај, бидејќи би бил нелегален и би ги загрозил човековите права на дотичниот. Покрај тоа, иако професионалната, психолошка експертиза е толкување на состојбата, а не солиден медицински факт. Можеби грешам.
Од друга страна, од цивилна страна, сè се случило помеѓу март и мај оваа година.
Артур А. во март официјално аплицирал за дозвола за поседување оружје, ги поминал сите законски рокови, добил позитивно мислење од психолог, купил оружје без никакви проблеми, а дозволата стигнала во мај.
Во меѓувреме, се обучувал на отворено стрелиште во Грац, каде што му помогнале да се совлада во употребата на огнено оружје.
Полициските прегледи на неговите онлајн контакти покажуваат интерес за пукања во училиштата, особено за масакрот во Колумбајн во Колорадо во 1999 година.
Проблемот со онлајн останува важен фактор во насилството во училиштата, но е глобален проблем.