Австриски синџир на сервиси за автомобили го урна рекордот во менување гуми

Австрискиот синџир на сервизи за автомобили „Среќен автомобил“ (Lucky car), кој е во сопственост на мајсторот Остоја Матиќ, влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Имено, млади момчиња кои моментално сега се на пракса во овој сервис, станаа официјално најбрзите во светот во менување на сите четири гуми на еден патнички автомобил.

Се работи за лицата Стефан Кузмиќ, Џафар Расул, Мерт Батмаз, Абдула Абдула, Димитриј Лафазанис и Адријан Мандиќ.

Тие сменија четири гуми за точно 49,03 секунди, а со тоа го урнаа претходниот светски рекорд од 58, 43 секунди.