Македонија

Автентични толкувања за свој интерес, амнестијата ќе биде „амнезија“ за „27 април“ и криминалот во „бомбите“

Уставниот суд на закажана редовна седница ќе одлучува дали екс-претседателот Иванов, имал право да ја повлече амнестијата која претходно ја дал за 56 лица меѓу кои и целото тогашнот раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

За поранешниот прв човек на Уставен суд, трендафил Ивановски, одлуката е правно не издржана. Но, вели дека е направена и злонамерно во овој период кога треба да се оди напред со цел да се блокираат некои состојби. Тој додава дека со ова се оди против владеење на правото.

„Постапката која што се води пред Уставниот суд мислам дека е еклатантен пример на рушење на правниот систем, или не водење на сметка за владеењето на правото. Една иницијатива која била пред три години поднесена, иницијатива за состојба која веќе била разрешена, каде што претеседателот поранешен, која ја дал таа аболиција, па бил принуден да ја повлече и ја повлекол и сега таа се воскреснува повторно по три години пред избори е правно не издржано, но и злонамерно“, вели Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд.

Од Уставниот судот посочуваат дека во повеќе држави-членки на Европската Унија од кои што било побарано мислење, не постои можност за повлекување на даденото помилување.

„Ваквото дополнување на Законот за помилување, со кое се дава можност Претседателот да го поништи веќе даденото помилување, доведува до нееднаков третман на субјектите. Претседателот согласно со Уставот има право само да дава помилување, но не и да поништува, што значи дека Уставот не предвидува можност за повлекување на претходно даденото помилување“, велат од Уставен суд.

Министерката за правда, Рената Дескоска ги повика пратениците да направат автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување со што би го спречиле Уставниот суд да ги активира помилувањата на Иванов.

„Секојдневно сме сведоци на обиди за избегнување на правдата. Тие обиди се движат од постојано одложување на судења до иницирање постапки пред Уставен суд за укинување членови од Кривичниот законик, а сега за Законот за помилување“, изјави Рената Дескоска – министерка за правда.

Уставните судии на седницата в среда, како шеста точка на дневен ред, ќе расправаат и дали да ја прифатат иницијативата за оценка на уставноста на амнестијата на обвинетите за упадот во Собранието од 27 април 2017 година. Нема официјално кој е поднесител на оваа иницијатива, а се однесува на членовите 1 и 2 со која беа амнестирани лицата кои извршија упад во Собранието.

На останатите 16 обвинети во тој процес, судијката Добрила Кацарска, им пресуди вкупна затворска казна од 211 години за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни