Страшна несреќа се случи утрово на автопатот А3 во Хрватска помеѓу клучките Поповача и Криж. Полицијата соопшти дека во несреќата учествувал автобус од Босна и Херцеговина.
Според последните информации, најмалку две лица загинале, а повеќе се повредени.
Како што објави 24 sata.hr, повредените се префрлени во болниците во Сисак, Загреб и Пакрац.
Сообраќајот на овој дел од автопатот е во прекин. Службите објавија дека колоната возила на раскрсницата Поповача во правец на Брегана е долга околу 7 км.
Дополнителни информации се очекуваат по завршувањето на увидот.
