Седум лица загинаа кога автобус со навивачи на Коринтијанс се превртел по натпреварот против Крузеиро ноќта меѓу саботата и неделата во Бразил, пренесоа агенциите.
Локалните служби за итни случаи потврдија дека околу три часот по полноќ автобусот паднал во провалија поради дефект на сопирачката.
Повредени се 36 патници, а 27 од нив се пренесени во болници.
„Се надевам дека повредените ќе закрепнат и дека истрагата ќе ја утврди причината за несреќата“, објави бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој и самиот е навивач на Коринтијанс.
Лула изрази сочувство до семејствата на жртвите