Автобус со околу 50 украински државјани излетал од патот во Италија и се превртел, при што има еден загинат и неколку повредени, објавија во неделата италијанските пожарникари преку Твитер.
Несреќата се случила на автопатот А14 меѓу Форли и Чезена, на североисточниот брег.
Службите за итна помош во моментов се на терен, со помош на два мобилни дигалки го подигнале превртеното возило, соопштија пожарникарите.