Свет

Автобус со туристи по посетата на Мачу Пикчу падна во провалија, има жртви и повредени

Автобус со туристи по посетата на Мачу Пикчу падна во провалија, има жртви и повредени

Во несреќа на минибус во Перу загинаа четворица туристи. Повредени се 16, од кои четворица Французи. Инцидентот се случил по посетата на тврдината Мачу Пикчу, соопштија локалните власти, цитирани од Франс прес.

Двајца од загинатите се Колумбијци, а другите двајца се уште не се официјално идентификувани, соопштија регионалните власти во Куско.

Покрај четворицата Французи, меѓу повредените има и двајца Грци, двајца Канаѓани, двајца Израелци, двајца Аргентинци, двајца Перуанци, еден Холанѓанец и уште еден турист кој се уште не е идентификуван.

Катастрофата се случи ноќта меѓу неделата кон понеделникот на стотина километри од Куско, античкиот главен град на Инките и главната точка на поаѓање за посета на Мачу Пикчу.

Минибусот паднал во „провалија длабока повеќе од 100 метри“, изјави министерот за труд и туризам Роберто Санчез, додавајќи дека „во моментот на несреќата имало магла“.

Некои ранети мораа да бидат однесени во главниот град Лима со авион обезбеден од воздухопловните сили, додаде министерот.

Сообраќајните несреќи се вообичаен феномен во Перу поради лошата состојба на патната мрежа, преголемата брзина или недостатокот на ознаки, наведува АФП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни