Автомобил падна во море во Грција, возачот загина

52-годишен маж загина кога автомобилот што го управувал паднал во морето во пристаништето Мандракија, во Ермиони, Грција, од непознати причини.

Полицајци од крајбрежната стража пристигнале на местото на настанот, каде што, со помош на приватно лице, го извлекле возачот од возилото, објави „Катимерини“.

Мажот бил во несвест и веднаш бил префрлен во здравствениот центар во Краниди, каде што починал.

Телото потоа било пренесено во Општата болница во Аргос за обдукција, пренесува Танјуг.